Вести Свет

Германија без закажување вакцинира во ќебапчилници, продавници за мебел, храна и бела техника

Здравствените работници започнаа да ги посетуваат кебабпчилниците, продавниците за бела техника, мебел и други производи, ширум Германија, во обид да допрат до луѓето кои се уште не примиле вакцина против корона вирусот, бидејќи програмата за имунизација на населението во Германија се одвива со намалено темпо.

Тоа е дел од специјалната кампања за вакцинација која им се нуди на германските граѓани, без претходн закажувања, на лесно пристапни локации, објавени на специјална интернет страница и промовирана на социјалните медиуми под мотото – Вакцинирајте се тука.

 Ова беше релативно спонтано. Размислував подолго време, но целиот потребен напор ми беше премногу. Потоа, утрово ја слушнав рекламата на радиото и си помислив: па тоа и не е премногу далеку за пеш. Одиш таму и се вакцинираш.

Германија сака да имунизира најмалку 75% од своето население против корона вирусот, но досега сите неопходни дози ги примиле само 62% од германските граѓани.

Никогаш не било полесно да се вакцинирате, им порача Ангела Меркел на Германците кои се уште не се заштитиле против вирусот.

 Драги сограѓани, по една и пол година откако корона вирусот прв пат се појави во Германија, сега имаме доволно безбедни и ефикасни вакцини. Лекарите по општа медицина и мобилните тимови за вакцинација се подготвени да ви помогнат да се заштитите против болеста. Затоа ве замолувам да се заштитите себеси и останатите. Вакцинирајте се, сега!

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан денеска ги бранеше и засилените мерки на притисок против невакцинираните граѓани, вклучувајќи ја и одлуката за прекинување на бесплатните тестови наредниот месец. Во повеќе германски држави се прекинува и исплатата на целата плата за луѓето кои се во карантин

 

Никола Илиевски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе