Економија

Поскапуваат бензините, цената на дизелот иста

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизел горивата останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката  се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,84 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 73 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС -98 ќе се продава за 75, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 63,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 63 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,552 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и сега ќе изнесува 38,395 денари.

Како причина за промената на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светските берзи во изминатите седум дена и тоа кај бензинот за 4,142 отсто и кај дизелот за 0,066 отсто, како и за 0,343 отсто понискиот курс на денарот во однос на доларот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Да се забрза транспортoт на храна кон Косово

Дејан Дејан

ЕСМ на тронот по загуби, МЕПСО зголемува плати и вработува

Дејан Дејан

Дурмиши: Ако има поскапување поголемо од 15 проценти, ќе активираме поригорозни мерки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе