Култура

Здружението на издавачи и книжари ги додели наградите на Саемот на книгата

Здружението на издавачи и книжари на Македонија (ЗИКМ), денеска на Саемот на книгата ги додели наградите во пет категории , за објави меѓу две саемски изданија.

Во првата категорија – најдобро оригинално издание од областа на литературата, науката, културата и уметноста, добитник на наградата е книгата  „VIOLA ARSENICA“, од авторот Влада Урошевиќ, на  издавачите „ ИК Готен“ и МАНУ.

Втората категорија, најдобро ликовно-графичко обликување и дизајн на книга , е едицијата „Гравири“, со дизајн на Јованчо Димоски, а издавач „ПНВ ПУБЛИКАЦИИ“.

Во трета категорија, за најдобро илустрирана книга или сликовница, наградена е „Приказни за добра ноќ на мама Ана“. Автор на текстот е Билјана С. Црвенковска, илустрациите се на Магдалена Тофилоска и Горан Мрвиќ, а издавач е „Светот на Биби“.

Во четвртата категорија ( наградата „Јаков од Камена Река“), за најдобра компјутерска обработка за печат или отпечатена книга или едиција, наградата ја понесе „Сирена која се смее: Пет бајки од
Венецијанското гето“. Авторка е Мирјана Огњановиќ, илустрациите се од Александар Палавестра, а издавач „ АВАНТ ПРЕС “.

Петата категорија награда, за најдобар книжар меѓу двата саеми ја освои Ивона Стојковска од „Светот на Биби“.

Одлуките ги донесе тричлената жири комисија што ја сочинуваа писателот Блаже Миневски- претседател и новинарката Весна Дамчевска и ликовниот уметник Златко Глигоров, како членови.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Македонската филхармонија вечерва во Солун со „Кармина Бурана“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе