Свет Топ тема

Пентагон со осуда за севернокорејските ракетни тестови

Американската војска соопшти дека ракетните тестови спроведени од Северна Кореја викендов претставуваат „закана“ за соседите во земјата и меѓународната заедница.

Оваа активност го нагласува континуираниот фокус на Северна Кореја за развивање на воената програма и заканите што ги претставува за нејзините соседи и меѓународната заедница, се вели во соопштението на Индо-тихоокеанската воена команда на САД.

Севернокорејските државни медиуми изутринава по локално време објавија дека земјата тестирала нова „крстосувачка ракета со голем дострел“ во саботата и неделата, и покрај долгогодишните контроверзии со САД за нуклеарната програма на Северна Кореја.

Извештаите ја опишуваат ракетата како „стратешко оружје од големо значење“, чии тестови беа успешни и и дадоа на земјата „уште едно ефикасно средство за одвраќање на непријателските сили“.

Пјонгјанг е под меѓународни санкции за програмите за балистички ракети, кои би требало да го заштитат од американска инвазија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Киев: Одложувањето на американската помош ќе ја охрабри Русија да продолжи

Дејан Дејан

Две лица починаа, над 300 побарале помош – топлотен бран во Франција

Дејан Дејан

Кремљ: Колку помалку оружје за Украина, толку поблиску е крајот на војната

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе