Ковид19 Свет

Високата стапка на вакцинираност и овозможи на Данска враќање во нормала

По долги 548 денови со ограничувања во секојдневниот живот за спречување на ширењето на Ковид-19, високата стапка на вакцинација во Данска и овозможи на оваа скандинавска држава да стане една од првите земји во Европската Унија која целосно ги укинува сите рестрикции.

Враќањето во нормалност беше постепено, но од денеска, дигиталниот сертификат, доказот за вакцинираност, повеќе не е потребен при влез во ноќните клубови, што беше една од последните мерки кои останаа на сила во Данска.

Причината за укинување на сите мерки е едноставна: повеќе од 80% од граѓаните на Данска на возраст над 12 години се вакцинирани со две дози од вакцините против Ковид-19.

“Данска ги укинува сите рестрикции бидејќи вакцинацијата беше многу успешна и како резултат на тоа , пандемијата во оваа земја е под контрола и затоа можеме услешно да се справиме со луѓето кои може да се заразат, во рамките на нашиот болнички систем” – изјави професорот по вирусни болести, Јенс Лунгрен.

Од денеска на полноќ, владата во Данска повеќе не го смета Ковид-19 за општествено критична болест. Кон крајот на Август, данскиот министер за здравство, Магнус Хенике, изјави дека епидемијата е под контрола, но предупреди дека владата ќе преземе мерки ако дојде до некакво влошување на ситуацијата. Од 1-ви септември ,повторно се отворија ноќните клубови, се укинаа сите ограничувања на јавните собири и повеќе не е потребно да се покажуваат сертификати за луѓето кои сакаат да одат во ресторани, фудбалски натпревари, фитнес центри или на фризер.

Од враќањето во нормала најзадоволни се секако младите луѓе.

“Една работа која всушност мислам дека е многу добра е дека може да одиме наоколу без маски и можеме повеќе или помалку да го правиме сето тоа што го правевме претходно” – изјави студентот Каспер Хансен.

“Видете, мислам дека е фантастично. Многу е убаво да го вратам својот социјален живот назад. Многу е убаво повторно да се видам и со пријателите, мислам физички.Добро, со дел од нив сум се видел, но мислев сите мои пријатели заедно да одиме на концерт или фудбалски натпревар, што е многу убаво навистина” – додава Андерс Кристенсен.

Сепак, маските остануваат задолжителни на аеродромите и на луѓето им се советува да носат маска кога одат на доктор, во центрите за тестирање или болниците. На сила остануваат и рестрикциите за странските граѓани при влез во Данска.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Некои загубиле свест, некои пишувале проштални пораки – драма на лет во Јапонија, авион паднал 25.000 стапки за 10 минути

Дејан Дејан

Четворица полесно повредени луѓе во напад со нож во воз на релација Хамбург – Виена

Дејан Дејан

Неколкумина избодени во близина на трговски центар – напад со нож во центарот на Тампере

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе