Вести Свет

Седум грчки региони во црвената зона со дополнителни рестрикции

Полициски час од еден часот по полноќ до 6 часот наутро и забрана за музика во угостителските објекти во текот на целиот ден се воведуваат во уште два региони во Грција, а се продолжуваат во уште пет области.

Од рано утрово, половина од полуостровот Пелопонез е во црвената зона, заедно со дел од централна Грција, дел од островот Крит и целиот остров Икарија.

Поконкретно, рестрикциите се во воведени во регионите Арголида и Евританија, а се продолжени во областите Илија, Ахаија и Месинија на Пелопонез, како и на островот Икарија и во градот Ираклио на Крит.

Мерките се во сила до следниот петок во 6 часот наутро.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

„Паднал низ прозорец“ – почина потпретседател на руска нафтена компанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе