Вести Економија

Локалните избори ќе ја стопираат изградбата на Регионалната депонија

Изградбата на единствената современа депонија во земјава ќе почека по Локалните избори. Постапката за избор на директор на претпријатието „Еко исток-североисток“ е замрзната, новите градоначалници ќе го правата изборот на директорот кој ќе менаџира со современата фабрика за отпад кај светиниколското село Мечкуевци.

Постапката за избор на раководно лице со јавното претпријатие е почната, но поради локалните избори одлуката е замрзната. Веднаш штом ќе дозволи Законот, изборот ќе биде направен“ велат од Комисијата за избор.

Во меѓувреме од овој месец две странски компании ќе почнат со затварање на 70 депонии на ниво на ѓубришта во источниот и североисточниот регион. Оваа операција треба да заврши во рок од две години, а за неа се издвоени 10 милиони евра. Надзорот го врши грчка компанија. Во дел од општините депониите ќе се затворат, а отпадот ќе го носат на депониите, кои ќе бидат претоварни станици, единствено Пробиштип поради близината по изградбата ќе го носи директно во фабриката за отпад.

Општините од  штипскиот и кумановски регион  добија над 50 камиони за отпадот, и над 4.000  контејнерите за комуналните претпријатија.  Проектот за првата современа фабрика за отпад во земјава, која ќе чини 46 милиони евра стартуваше пред 12 години, на иницијатива на градоначалниците од истокот, подоцна се приклучија  североистокот и Свети Николе од Вардарскиот регион. Целиот проект се реализира со финансиска поддршка на Европската унија.

Викторија Јовановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан ја обвини Индија за ракетни напади врз воени бази

Дејан Дејан

Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната во Украина е оправдано

Дејан Дејан

Обинителство отвори истрага против пет лица за убиството во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе