Вести Свет

5.000 евра казна за лажни сертификати за вакцинација во Грција

Казни за работодавците во приватните здравствени центри во случај да имаат невакциниран вработен, но и казни за поседување или издавање лажен сертификат за вакцинација или потврда за прележан Ковид-19, предвидува амандманот од Министерството за здравство на Грција доставен во грчкиот Парламент.

Секој кој ќе се обиде или ќе успее да добие сертификат за вакцинација, а не е вакциниран, или потврда за прележан Ковид-19, а не бил болен, како и за секој вработен, кој на било каков начин учествува во издавањето лажен сертификат за вакцинација, предвидена е парична казна од 5.000 евра.

Конкретната мерка доаѓа по откриениот скандал со над 40 фиктивни вакцинации, внесени во системот за вакцинирање во болницата во Палама поширокиот регион на грчкиот град Кардица.

Казни се предвидени и за приватните здравствени центри, установи за грижа на лица итн, доколку имаат невакциниран вработен, а работодавачот ќе треба да плати казна од 10.000 до 50.000 евра, која при повторна проверка и втора казна се зголемува на 20.000 до 200.000 евра.

Во доставениот амандман, меѓу другото, вклучена е и измената на одлуката за здравствените работници кои не се вакцинирани и од 1 септември се на неплатен принуден одмор, а сега им се дава можност за враќање на работа доколку ја примат првата доза од вакцината.

Паралелно, најдоцна до 30 септември задолжително треба да бидат вакцинирани и студентите по медицина, кои следат пракса во државните или приватните болници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бројот на повредени во експлозијата на бензинска во Рим се искачи на најмалку 40

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ во преговори, в недела ќе се знае кандидатот за Скопје?!

Дејан Дејан

До 10 милиони евра загуба од реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе