Култура

Свечено отворена изложба „Ликовни блесоци“

Ризницата на македонската ликовна уметност која содржи значајни автори и дела, поточно дел од нив се привремено изложени во работните простории на многу институции, вклучително и во Кабинетот на Претседателот.  Во сржта на секое човеково егзистирање е нишката на културата и уметноста како траен запис за човековата креативност и неговиот творечки дух, забележа Пендаровски.

Имајќи предвид дека живееме во време на постојана политичка, безбедносна, економска и последно здравствена напрегнатост некако како да ги оставаме културата и уметноста во втор план, иако токму тие сегменти го облагодаруваат човечкиот живот и овозможуваат траење низ времето, порача претседателот.

Во рамките на изложбата во претседателскиот кабинет   се претставени делата на Никола Мартиноски, Лазар Личеноски, Љубомир Белогаски, Димитар Кондовски, Боро Митриќески, Петар Мазев, Глигор Чемерски, Драгутин Аврамовски-Гуте, Ристо Калчевски, сѐ до Ана Темкова, Родољуб Анастасов, и Омер Калеши.

Со посебна чест за јавноста, дипломатската јавност која вечерва е присутна, а во текот на наредните денови и пошироката публика ќе може да ја посети. Секогаш од друг аспект, во изложбените простории во еден контекст ги доживуваме делата, но овој контекст токму во оваа резиденција ја имаме големината на самите автори и што претставуваат за самата уметност, рече директорката на НГМ Дита Старова-Ќерими.

Во рамките на одбележувањето 30 години независност се предвидени серија настани насловени „Слоеви на современоста“.За време на настанот, млади уметници – студенти од Факултетот за ликовни уметности изработија мурал, што ќе биде дониран  во хуманитарни цели, настапи и Долорес Поповиќ, композиторка и актерка .

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Бруталистичка улица“ меѓу десет најдобри проекти на Венециското биенале за архитектура според „Артрибјун“

Дејан Дејан

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе