Свет

Мексиканската полиција го растера конвојот мигранти што се упати кон САД

Мексиканската полиција го растера карванот од околу 400 мигранти од Централна Америка, кои се упатија со надеж дека ќе ја преминат границата со Соединетите Американски Држави.

Полицијата ја пресретна толпата додека се подготвуваше да го напушти градот Хуистла во јужната држава Чиапас. Мигрантите беа главно од Ел Салвадор, Хондурас, Гватемала, Хаити и Венецуела.

Полицијата ги блокираше улиците по кои мигрантите сакаа да го напуштат градот до автопатот што води на север. За време на акцијата беа уапсени неколку лица, но повеќето мигранти избегаа. Од своја страна, полицијата го блокираше и автопатот за да спречи карванот повторно да се формира.

Според полициски извор, околу 80 лица се уапсени и се пред депортација.

За време на операцијата имало мали судири, при што бил ранет припадник на Националната гарда.

Како и претходните мигрантски конвои, и овој се упати на север од мексиканскиот град Тапачула на границата со Гватемала.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

„Паднал низ прозорец“ – почина потпретседател на руска нафтена компанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе