Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека се потребни историски вложувања во справувањето со климатската криза додека североистокот на земјата се справува со последиците од поплавите и торнадата, во кои загинаа најмалку 46 луѓе. Њујорк и Њу Џерси вчера беа погодени од досега невидени врнежи како последица на ураганот Ајда, при што беше поплавена и подземната железница, а над 10 луѓе се удавиле во своите потопени подрумски станови.
Бајден прогласи вонредна состојба во Њујорк и Њу Џерси, додека градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио, ги искритикува метеоролозите, зашто нивните прогнози биле исмеани за само неколку минути. Рече дека бил предупреден да очекува врнежи до 15 цм во текот на целиот ден, а во само еден час на менхетен наврнаа рекордни 80мм.
Во рок од само еден час небото буквално се отвори и на улиците на Њујорк донесе ниво на вода како Нијагарини водопади“, изјави гувернерката на Њујорк, Кејти Хокал.
Снимките од Њујорк покажуваат над 500 оставени автомобили на потопени автопатишта, полицијата соопшти дека извлекла 835 луѓе од подземната железница.
Врнежите и поплавите уследија три дена откако моќниот ураган Ајда ја погоди Луизијана, каде што имаше деветмина загинати. Тука е прогласен полициски час, а малите гратчиња се речиси 90% уништени.