Економија

Корисниците на А1 Македонија добиваат неверојатни 100GB мобилен интернет месечно, компанијата го слави вториот роденден

Посветеноста кон постојано градење доверба со нашите корисници го докажуваме со континуирана надградба на сопствената мрежа што резултира со стабилна и најбрза мобилна интернет конекција, неопходна во секојдневната комуникација и поттикнување на дигиталниот начин на живеење”, изјави Методија Мирчев, извршен директор на А1 Македонија.

Дополнително, корисниците може да одберат смарт- телефон по одлична цена, како на пример, Samsung Galaxy A12 по цена од 189 ден./месечно или Xiaomi Redmi 9T по цена од 149 ден./месечно.

А1 го збогати и A1 Combo портфолиото кое нуди единствена флексибилност на интернет, телевизија и мобилни услуги со можност за креирање на ТВ програмската шема. A1 Combo корисниците секогаш добиваат и дополнителна субвенција за набавка на уред. Така, со најпопуларната комбинација A1 Net M + TV M со две мобилни линии A1 Neo M+ корисникот добива можност да одбере 4K HDR, Xiaomi 4S 43’’ телевизор со андроид оперативен систем за 0 денари.

“Нашето големо А1 семејство кое брои над милион корисници е модерно и динамично, секогаш подготвено за предизвици и да живее нови искуства. Горди сме што и овојпат придонесуваме за непречена комуникација на секој поединечно и за целото семејство. Продолжуваме понатаму со засилена динамика, иновативност и посветеност уште поинтензивно да ја обликуваме сегашноста и да ја предизвикаме иднината со најсовремени дигитални решенија кои ги ставаме на располагање на нашите корисници.“, потенцира Мирчев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Да се забрза транспортoт на храна кон Косово

Дејан Дејан

ЕСМ на тронот по загуби, МЕПСО зголемува плати и вработува

Дејан Дејан

Дурмиши: Ако има поскапување поголемо од 15 проценти, ќе активираме поригорозни мерки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе