Ковид19 Свет

Ограничувањата поради Ковид го подобруваат квалитетот на воздухот, велат ООН

Пандемиските блокади и ограничувањата за патување доведоа до драматично, но краткотрајно подобрување на квалитетот на воздухот и намалување на загадувањето, соопштија Обединетите нации и предупредија дека промената, сепак, не може да ги замени долгорочните активности.

Новиот извештај на Светската метеоролошка организација на Обединетите нации (СМО) покажа дека ограничувањата поради „Ковид-19“ минатата година привремено го подобрија квалитетот на воздухот во голем број места, особено во урбаните области. Но, тие исто така го стимулираат порастот на некои загадувачки материи кои се опасни по здравјето и имаат нејасно влијание врз климатските промени.

„Ковид-19 се покажа како непланиран експеримент за квалитетот на воздухот. Ова доведе до привремени локализирани подобрувања. Но, пандемијата не е замена за тековните и систематски активности за справување со главните двигатели и на загадувањето и на климатските промени, а  со тоа да се заштити здравјето и на луѓето и на планетата, изјави шеот на СМО Питер Талас.

Загадувањето на воздухот, особено со мали честички, сериозно влијае на здравјето на луѓето и е поврзано со милиони смртни случаи секоја година.

Извештајот на СМО се базира на истражување за тоа како се однесуваат клучните загадувачи на воздухот во и околу десетици градови низ светот.

Анализата покажува намалување до 40 проценти при ниски концентрации на честички за време на целосното блокирање во споредба со истите периоди во 2015-2019 година. Ова обично значи подобрен квалитет на воздухот, иако квалитетот повторно се влошува кога се зголемуваат емисиите по блокирањето.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Некои загубиле свест, некои пишувале проштални пораки – драма на лет во Јапонија, авион паднал 25.000 стапки за 10 минути

Дејан Дејан

Четворица полесно повредени луѓе во напад со нож во воз на релација Хамбург – Виена

Дејан Дејан

Неколкумина избодени во близина на трговски центар – напад со нож во центарот на Тампере

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе