Вести Ковид19 Македонија Свет

Попадиќ: Природно стекнатиот имунитет од ковид е посилен од вакцината, но цената е висока

Имунологот Душан Попадиќ, од Медицинскиот факултет во Белград, изјави денеска дека епидемиолошката состојба со короната во Србија е „многу сериозна“, наведувајќи дека тоа е логично затоа што нема доволно вакцинирани и имунизирани и „мерките воопшто не се почитуваат“.

Според она што го гледаме сега, не очекува тешка есен, ова започна порано отколку што можев да претпоставам и мислам дека ќе продолжи, изјави Попадиќ за РТС.

Попадиќ ги повика граѓаните да се вакцинираат и, ако е поминато доволно време од вакцинацијата, да го „освежат“ имунитетот со третата доза.

Навистина не би зборувал за четвртата доза сега, прво треба да ги следиме ефектите од третата доза на вакцинација, кажа тој.

Попадиќ ги предупреди граѓаните дека, без оглед на тоа дали се вакцинирани, сепак треба да се заштитат и да се чуваат, „особено кога имаме толку голем број на новозаразени лица и толку голема циркулација на вирусот низ населението“.

  • Само што ги добиваме вистинските студии – студии за популација за првите две дози, пред 15 дена беше објавена студија за ефективноста на вакцинацијата во Бахреин. Имаа комбинација од истите вакцини како нас – Синофарм, Спутник, АстраЗенекa и Фајзер. Таа студија покажа дека иновативните вакцини, векторските и вакцините Фајзер обезбедуваат подобра заштита на оние кои примиле две дози од иновативнита вакцина „Синофарм“, изјави Попадиќ.

Пред една недела излезе студија од Израел, тие имаа само Фајзер и го споредија имунитетот со оние кои имале ковид и оние кои биле вакцинирани со две дози и имале ковид и се вакцинирани со една доза, според која оние што прележале ковид имале подобра заштита од оние кои примале две дози.

Стекнувањето имунитет преку природна инфекција чини многу, чини во човечки животи, кажа Попадиќ.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе