На прашањето зошто капиталните инвестиции заклучно со јули годинава имаат ниска реализација од 30 проценти, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека овој процент се менува на дневна аоснова, па денес веќе изнесува 34 отсто, а неговите предвидувања се дека до крајот на годината ќе има рекордно спорведување на капитланите расходи.
Тој рече дека за првпат во постоњето на државата се воспоставува систем за следење на инвестиции, со што ќе може навремено да се реагира ако институциите не можат да го спроведат тоа жто го испланирале. Битиќи смета дека изборните процеси се кочничари на економскиот развој на државата и најави дека ќе поттикне јавна расправа за измени на ваквата сосотјба, но истовремено да се елиминираат сите можности за злоупотреба на јавните пари во предизборитето.