Вести Свет

Македонските преговори за членство во ЕУ остануваат неизвесни, додека трае политичката криза во Бугарија

Утре истекува крајниот рок до кога бугарскиот претседател Румен Радев треба да го врачи третиот и последен мандат за составување влада, по вонредните избори што се одржаа на 11-ти јули.

Кој и да го добие мандатот, Има таков народ на шоуменот Слави Трифонов нема да ја поддржи идната влада, ниту ќе учествува во разговори за нејзино формирање.

  • Воопшто немаме основа да разговараме за такво нешто.
  • А ви значи ли тоа дали БСП или Исправи се БГ ќе го добијат мандатот за да разговарате со нив?
  • Веќе кажавме дека нема да влеземе во разговори за трет мандат, велиИвајло Влчев од „Има таков народ“. 

Партијата Демократска Бугарија, пак, нема да ги поддржи социјалистите

  • Нашата позиција е јасна, објавена уште пред изборите на четврти април, пред изборите на 11 јули и никој не може да тврди дека не знаел за нашата позиција, изјави Христо Иванов, од Демократска Бугарија.

Среде политичката криза во Бугарија поради неможноста да се формира влада, партијата на досегашниот премиер Бојко Борисов, Граеѓани за европски развој на Бугарија повторно се враќа како водечка политичка сила во земјата.

Партијата на бугарскиот шоумен Слави Тифонов, Има таков народ, е на трето место.

На изборите од 11-ти јули, партијата на Трифонов освои две пратенички места повеќе од ГЕРБ, но не успеа да формира влада.

Сега, анкетата на БТВ и Маркет линкс, што беше направена од 13 до 22 август, покажува дека ГЕРБ е прва политичка сила, додека разликата меѓу Демократска Бугарија, Има таков народ и Бугарската социјалистичка партија  се во рамките на статистичка грешка.

За аналитичарите, враќањето на ГЕРБ на политичката сцена е изненадување.

  • ГЕРБ е повторно првата политичка сила во земјата, со добра мобилизација во текот на летните месеци, што донекаде е изненадување. Но, од друга страна, разочарувањето од протестните партии да формираат функционална влада дел од изгубеното јадро повторно го води кон оваа партија, вели социологот Добромир Живков од Маркет линкс.

Анкетата покажува и дека политичката нестабилност ја намали довербата во партиите. Ако и по третиот обид, ниту една партија не формира влада, ќе бидат распишани нови парламентарни избори, трети годинава, кои најверојатно ќе се одржат заедно со претседателските во ноември.

За Македонија, тоа значи статус-кво во спорот со Бугарија бидејќи од април до сега, таму нема политичка влада.

Европските интеграции остануваат блокирани од лани во нември кога Бугарија стави вето за почеток на македонските преговори за членство во ЕУ.

Марија Дивитарова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Студентите најавија блокади во Белград, Нови Сад и Ниш, Вучиќ со молба да не го прават тоа

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин, денеска ќе разговарам со Зеленски

Дејан Дејан

Алиу најави проширување на позитивната листа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе