Вести Култура Македонија

Во Дојран поставена инсталација „Срце за вечноста“ во спомен на првиот донор на срце, Динева

Во Градскиот Парк во Стар Дојран е поставена спомен скулптурата/урбана инсталација  „СРЦЕ ЗА ВЕЧНОСТА”, која е изработена во знак на чест, почит и благодарност кон хуманоста и човечноста на семејството на Емилија Динева, првиот донор на срце и органи во Македонија.

Идејата на оваа акција е уште еднаш да се одаде почит на Емилија Динева и нејзиното семејство за овој несебичен и херојски чин и преку јазикот на уметноста да се поттикне органо дарителството како врв на хуманост и можност за спасување на стотици животи.

Скулпурата „Срце за вечноста„ на младиот академски скулптор Андреј Миневски е водена од идејата да се овековечи дарувањето на органи како  еден од највисоките чинови на човековата хуманост и можност кога еден живот згаснува друг да се распламти односно како што најчесто и бива да започне одново. Токму затоа и тематиката на скулптурата но и нејзината визуелност ја третира и темата на бесконечноста и начините со кои човекот може да се поврзе со бесконечноста преку постојната размена на енергии и материи. На овој начин авторот го овековечува херојството на Динева односно нејзиното семејство отворајќи и го патот до бесконечноста и незаборавот.

Петта трансплантација на срце и две трансплантации на бубрези извршени во комплексот клиники „Мајка Тереза“

Самата скулптура е работена во техника која опфаќа спој на различни материјали како мермерно брашно, епоксид, метал изработени во стандарден скулпторски опус и доведени до совршенство од вештата рака на авторот.

Реализацијата на проектот е на Центарот за современи уметности – Скопје и Општина Дојран со финансиска поддршка од Фондацијата отворено општество – Македонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе