Вести Македонија Најважни

Неофицијално: СДСМ на локалните избори со нови имиња за Аеродром и Центар

Извршниот одбор на СДСМ доцна синоќа утврди уште неколку нови кандидати за градоначалници, кои, како што се наведува во партиското соопштение, ќе бидат објавени во текот на денешниот ден.

Неофицијално, потврден е поранешниот министер Горан Сугарески за Прилеп, актуелната градоначалничка на Битола, Наташа Петровска ја добила партиската доверба за втор мандат, додека во скопските општини Центар и Аеродром ќе се оди со нови имиња. Односно, пратеникот Александар Филиповски, кој го наследи Павле Богоевски во Парламентот ќе оди за Аеродром и претседателот на општинската организација на Центар, Горан Герасимовски за Центар.

Поранешниот пратеник Маријанчо Николов неофицијално е кандидат за Велес.

Во новите имиња се споменува и пратеникот Костадин Костадинов за адут на СДСМ во Струмица. Костадинов веќе еднаш на кратко ја вршеше градоначалничката фукнција, заменувајќи го лидерот Зоран Заев, до изборот на актуелниот градоначалник Коста Јаневски, кој на анкетите исто така добро котирал.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Андоновски: Ќе разговараме со нотарските комори да се прифатат електронските документи како валиден документ

Дејан Дејан

(видео)Андоновски: „Електронскиот паричник“ е опција, не обврска

Дејан Дејан

(видео)Андоновски во Топ Тема: Има десетици компании кои што веќе работат исклучиво електронски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе