Економија

Горивата поевтини за половина до 1,5 денари за литар

Горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина до 1,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,58 отсто.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за еден денар по литар и ќе изнесуваат 70,5, односно 61 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за 1,5 денари за литар и ќе чини 72 денари, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за половина денар по литар и ќе изнесува 61,5 денари.

Со одлуката на РКЕ за 0,751 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и сега ќе изнесува  35,930 денари.

Како причина за намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат намалените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена и тоа за околу 3,794 отсто кај бензинот и за околу 2,287 отсто кај дизелот, како и за 0,043 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Да се забрза транспортoт на храна кон Косово

Дејан Дејан

ЕСМ на тронот по загуби, МЕПСО зголемува плати и вработува

Дејан Дејан

Дурмиши: Ако има поскапување поголемо од 15 проценти, ќе активираме поригорозни мерки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе