Свет

Русија и Турција наскоро ќе потпишат нов договор за испорака на С-400

Русија и Турција наскоро би можеле да потпишат нов договор за испорака на рускиот противракетен систем С-400, изјави денеска генералниот директор на рускиот државен извозник на оружје „Рособоронекспорт“, Александар Микејев, на Меѓународниот воено-технички форум.

Консултациите продолжуваат и се во завршна фаза. Наскоро ќе го официјализираме договорот со нашите партнери, рече Микејев.

Како што пренесе агенцијата ТАСС, Микејев додаде дека се постигнати одредени успеси на Меѓународниот саем за одбранбена индустрија што се одржа во Турција во август.

Во 2017 година, Москва и Анкара потпишаа договор за испорака на рускиот противракетен систем на Турција, со што Турција стана првата членка на НАТО што го купи овој ракетен систем од Русија.

Одлуката на Анкара да купи систем од руско производство предизвика негодување кај САД и НАТО, а Вашингтон досега не се откажа од напорите да ја принуди Турција да се откаже од рускиот противракетен систем.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Некои загубиле свест, некои пишувале проштални пораки – драма на лет во Јапонија, авион паднал 25.000 стапки за 10 минути

Дејан Дејан

Четворица полесно повредени луѓе во напад со нож во воз на релација Хамбург – Виена

Дејан Дејан

Неколкумина избодени во близина на трговски центар – напад со нож во центарот на Тампере

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе