Култура

Напуштената опожарена зграда на Пошта е волшебен простор за културни настани

Уште првиот миг кога зачекорив внатре не можев да поверувам, тоа беше најубавиот простор каде сум бил во мојот живот. Дури и уништен тој е музеј на уметноста со одлична акустика, своевиден културен центар  кој треба да го види целиот свет, вели Љубомир Мелник најбрзиот пијанист на светот и композитор кој одржа концерт во опожарената шалтер сала на Пошта во Скопје.

Минатата вечер беше навистина прекрасна за мене. И просторот, старата пошта, никогаш претходно не сум видел такво нешто. Надворешната и внатрешната архитектура е како да сте во свет од соништата, волшебно. Внатрешноста на опожарената зграда е уметничко дело. Секој ѕид е како огромна слика која доколку е поставено во некоја уметничка галерија во Лондон или во Париз би била продадена за милиони евра, дури и подот беше толку убав, рече Мелник.

Мелник „пророкот на пијано“, ги помести границите во музиката. Тој создаде „континуирана музика“ – тотално нов јазик за пијано, кој бара неверојатни технички способности, кои го користат целиот природен глас на пијаното.

Хармонијата на мојата музика се промени. Во 1983- та хармонијата беше повеќе од 12 тонови.  Сега чувствувам потреба за чиста класична хармонија, затоа што може да биде комбинирана со прекрасна мелодија која ќе го допре срцето, рече мелник.

Суштината на уметноста е да допре до срцето. Во меѓувреме многу нешта се променија, па и предизвиците со кои се соочува уметноста во време на тотална комерцијализација, смета Мелник.

Една од убавите работи за Скопје и Македонија е дека луѓето не се корумпирани финансиски во таа мера, како што е тоа во останатиот дел од Европа. Таму не ја чувствуваат уметноста толку колку што би можеле. Имаат премногу пари. Се сеќавам кога бев мало момче сите беа многу сиромашни, насекаде низ светот, денес луѓето се богати. Тоа ја повредува уметноста. Суштината на уметноста е да допре до душата, да допре до срцето на личноста. Мислам дека Бог зборува низ уметноста, а на Бога му е тешко да зборува со богатите, вели мелник.

Концертот на Љубомир Мелник во опожарената шалтер сала на Пошта, симбол на постземјотресно Скопје е своевидна духовна катарза, по предвидената  архитектонската катарза  на овој простор по пожарот во 2013- та , велат од Младинскиот културен центар , кои се воедно и организатори на настапот на Мелник.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Македонската филхармонија вечерва во Солун со „Кармина Бурана“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе