Вести Свет

Исплашена од нов бегалски бран, Грција подигна ограда на границата со Турција

Грција ја постави 40- километарската ограда и систем за надзор на својата граница со Турција. “Нема пасивно да чекаме на можен удар“, изјави грчкиот министер за заштита на цивилното население, Михалис Хрисокоидис, кој е загрижен од можниот нов налет на мигранти од Авганистан. Оваа одлука на грчката влада за подигнување на оградата следува откако Турција ги повика европските земји да преземат одговорност за авганистанските мигранти.

Грчкиот премиер Мицотакис телефонски разговарал со турскиот претседател Ердоган, и и двајцата се согласиле дека зголемениот пораст на луѓе кои го напуштаат Авганистан може да претставува сериозен предизвик за сите земји. Ердоган смета дека новиот мигрантстки бран ќе биде неизбежен, ако не се преземат соодветни мерки. Мицотакис се согласил дека треба да им се помогне на земјите кои се блиску до Авганистан, со надеж дека тие еден ден ќе се вратат во татковината. Но е категоричен дека Грција нема да ги живее оние „хаотични сцени од 2015 година“ и додаде дека оваа порака се испраќа насекаде и во Европа и до трети земји. За време на бегалската криза многу од мигрантите кои беагаа од војната во Сирија ја користеа Грција за транзит кон Европа, но сепак во земјата останаа 60 илјади од нив.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе