Економија

Винариите склучувале договори без да се знаат цените за грозјето

Лозари реагираат дека гроздоберот почна и дека винарии склучувале договори без да се знаат цени за грозјето. Ова денеска на прес- конференција го истакнаа од регионалното здружение „Тиквешки лозароовоштари“.

Диме Соколов, кој има триесет декари лозје на суво, рече дека сушата е катастрофална за лозјата, а суша има на секои две-три години. Се пожали дека лозарите во вакви услови немаат пари да ги покријат своите трошоци за производство, но и за живот. Тој нагласи дека поради тоа се напуштаат лозови насади, а напуштените стануваат потенцијална опасност за настанување на пожари.

Соколов рече дека лоша е ситуацијата и со лозјата под систем за наводнување оти системите не биле одржувани.

-Водата, според нас, прво ја нема, а и кога ја има е скапа, па излегува дека наводнувањето како да е со кока-кола, дециден беше Соколов.

Претседателот на Здружението, Дане Јошев рече дека реалната цена за килограм грозје е 18 денари за „смедеревка“ и 20 за „вранец“, а винарии со години нуделе многу помалку при откупот.

Јошев информираше дека ќе бараат обесштетување поради сушата. Да се формираат комисии кои ќе извршат проценки на штетите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јовановиќ: Данок за немажени и неженети имало во фашистичка Италија и во СССР за време на Сталин

Дејан Дејан

Цените на храната во јуни највисоки во последните две години

Дејан Дејан

Граѓаните ги добија првите сметки за струја со упатство како се читаат броилата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе