Свет

Франција и Германија потпишаа договор за нуклеарен отпад вреден една милијарда евра

Француската корпорација за нуклеарна технологија „Орано“ потпиша договор со германските енергетски компании „ПреусенЕлектра“, „РВЕ“, „ЕНБВ“ и „Ватенфал“, согласно кој ќе добие повеќе од една милијарда евра за операции за транспорт на рециклиран нуклеарен отпад во Германија до крајот на 2024 година.

Начелен договор за ова прашање беше постигнат помеѓу владите на двете земји кон средината на јуни

Претходно, фабриката за преработка во Ла Хаг (во западна Франција)  од Германија прими 5.310 тони отпад со просечно ниво на радиоактивност. Сега, според договорот, за трајно складирање во Германија се враќаат не неговите материјали, туку другиот високо радиоактивен отпад што е подложен на витрификација и е еквивалентен на оној што се добива во однос на вкупната радиоактивност. На овој начин, материјалите со помала маса од оние испорачани оттаму ќе бидат транспортирани во Германија, што го олеснува транспортот и ги намалува трошоците.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Некои загубиле свест, некои пишувале проштални пораки – драма на лет во Јапонија, авион паднал 25.000 стапки за 10 минути

Дејан Дејан

Четворица полесно повредени луѓе во напад со нож во воз на релација Хамбург – Виена

Дејан Дејан

Неколкумина избодени во близина на трговски центар – напад со нож во центарот на Тампере

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе