Свет

Променетиот правец на ветерот го разгоре пожарот во близина на Атина

Пожарот што веќе трет ден е активен во северозападниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, поради промената на правецот на ветрот, неконтролирано се прошири кон планинското село Вилија, а противпожарните сили се обидуваат да спречат, огнената стихија да стигне до куќите.

Градоначалникот на општина Вилија Христос Статис за телевизијата „Опен“ рече дека пожарот е на 30 до 40 метри до првите домови и побара итно да се испратат дополнителни воздушни средства.

Веќе изгоре една куќа што е надвор од селото, а иако огнената стихија е блиску до селото, сепак, до жителите сè уште не е испратена порака за евакуација од бројот 112 за итни случаи.

Заменик- префектот на периферијата Атика Василис Кокалис за грчката телевизија „Опен“ истакна дека иако тие побарале да се испрати порака до жителите за евакуација на селото, сепак од противпожарната служба добиле одговор дека не е потребно.

Додаде дека сепак полицајци одат од врата на врата и бараат од граѓаните да ги напуштат домовите.

Објасни дека во период од два и пол час неколку пати се сменила насоката на ветерот, а со тоа и интензитетот и правецот на пожарот и истакна дека „пожарот ќе запре кога нема да има што друго да изгори“.

Густиот чад дополнително ја отежнува интервенцијата на воздушните средства, заедно со грчките пожарникари се и нивните колеги од Полска, а им помага и локалното население, кое не го напушта местото, се обидува со сечење дрва да го запре ширењето на пожарот.

Планинското село Вилија се наоѓа во северозападниот дел на областа Атика, на околу 50 километри од центарот на Атина и има околу 4.000 жители, а пожарот е активен од понеделникот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Некои загубиле свест, некои пишувале проштални пораки – драма на лет во Јапонија, авион паднал 25.000 стапки за 10 минути

Дејан Дејан

Четворица полесно повредени луѓе во напад со нож во воз на релација Хамбург – Виена

Дејан Дејан

Неколкумина избодени во близина на трговски центар – напад со нож во центарот на Тампере

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе