Најважни Свет

Талибанците прогласија победа, на аеродромот во Кабул хаотични сцени

Талибанците се обидуваат да проектираат слика на ред и мир откако го презедоа Кабул, од централната влада подржана од западот. Нивните борци патролираат низ градот, поставија бројни пунктови каде легитимираат граѓани и проверуваат возила во обид да прикажат дека во Кабул се е нормално. Авганистанската национална армија се распадна за само неколку денови по повлекувањето на последните американски војници од земјата, што им овозможи на талибанците во една молскавична кампања да ја освојат целата земја. Најголемиот дел од градовите и провинциите им се предадоа на талибанците без борба, а претседателот Ашраф Гани ја напушти земјата.

Во војна сме повеќе од 40 години, немаме видено ништо друго освен катастрофа и борби. Отсекогаш сме живееле со надеж за долготраен мир за да запрат убивањата и борбите. Изгубив двајца браќа и еден братучед во оваа војна и поради тоа сакам мир, изјави жител на Кабул.

Ниту самите талибанци не очекуваа дека ќе постигнат ваков успех. Токму затоа Мула Абдул Гани Барадар, еден од лидерите на талибанците и нивни претставник на мировните преговори во Катар, им порача на борците дека оваа лесна победа не смее да ги направи арогантни.

Сакам да му ја честитам на муслиманскиот авганистански народ оваа голема победа, но исто така да ги предупредам сите муџахедини дека дојдовме во една ситуација која беше неочекувана и е уникатна. Тоа се случи благодарение на помошта од Бога, и поради тоа не смееме да станеме арогантни, порача Барадар.

На аеродромот во авганистанската престолнина, ситуацијата е дијаметрално спротивна од таа на улиците низ градот. Илјадници Авганистанци, кои работеле во странските амбасади, бази и компании очајно се обидуваат да ја напуштат земјата заедно со странците. Контролата врз аеродромот ја презедоа американските војници, кои биле приморани неколкупати да пукаат во воздух за да ја растурат толпата која насила се обидела да се качи на авионите. Најмалку три лица биле изгазени до смрт во стампедо на аеродромот во Кабул, а на социјалните мрежи се појавија видеа на кои стотици Авганистанци трчаат на пистата и се качуваат по авионите кои полетуваат. Според неофицијални информации најмалку три лица загинале откако паднале од авиони кои полетувале.

Талибанците вчера прогласија победа откако националната влада се распадна а претседатлот Гани ја напушти земајта кога нивните борци започнаа да влегуваат во Кабул. Со тоа талибанците се вратија на власт, ставајќи крај на речиси 20 годинишните обиди на меѓународната коалиција предводена од САД да ја трансформира земјата, по инвазијата во 2001-та година.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Некои загубиле свест, некои пишувале проштални пораки – драма на лет во Јапонија, авион паднал 25.000 стапки за 10 минути

Дејан Дејан

Четворица полесно повредени луѓе во напад со нож во воз на релација Хамбург – Виена

Дејан Дејан

Неколкумина избодени во близина на трговски центар – напад со нож во центарот на Тампере

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе