Свет

Најмалку 29 загинати во земјотресот на Хаити

Западниот дел на Хаити денеска беше погоден од земјотрес со јачина од седум степени според Рихтеровата скала, објави Американскиот институт за геолошки истражувања. Епицентарот бил на осум километри од градот Петит Тру де Нип и на 100 километри од главниот град Порт-о-Пренс на длабочина од 10 километри.

Најмалку 29 луѓе загинаа во земјотресот од 7,2 степена по Рихтер на Хаити, соопштија властите.

Силен земјотрес со интензитет од 7,2 степена по Рихтер го погоди денеска западниот дел од Хаити. Епицентарот е на 10 км длабочина, 100 километри западно од главниот град Порт-О-Пренс.

Земјотресот беше почувствуван насекаде низ Хаити, Јамајка и Доминиканска Република.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар претходно објави дека земјотресот во овој регион бил со јачина од 7,6 степени. Американскиот центар за предупредување од цунами издаде тревога за цунами, иако тоа не го стори веднаш по земјотресот.

Беше наведено дека на Хаити му се закануваат бранови високи три метри. Снимките што доаѓаат од карипската земја покажуваат уништени куќи, згради и објекти, распукани патишта и луѓе кои во очај гледаат што останало од нивните домови.Според сѐ уште неофицијални информации, неколку медиуми објавија дека има загинати и многу повредени.

Американскиот геолошки завод извести дека бројот на жртви веројатно е голем. Хаити беше погоден со зем јотерс со иста јачина во 2010 година кога загинаа 200 илјади луѓе.

Во земјотресот во 2010 година на Хаити загинаа над 220.000 лица.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

„Паднал низ прозорец“ – почина потпретседател на руска нафтена компанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе