Свет

Бројот на загинати во поплавите во Труција достигна 51, стотици луѓе исчезнале

Бројот на настраданите во поплавите и лизгањето на земјиштето во крајбрежниот дел на Турција достигна  51, соопшти денес државната агенција за вонредни ситуации и катастрофи.

Силни дождови ги погодија црноморските провинции Бартин, Кастамону и Синоп во средата и предизвикаа поплави, во кои се уништени куќи, оштетени најмалку пет моста, однесени автомобили и бројни патишта станаа непроодни.

Мештани на Кастамону преку социјалните мрежи јавија дека уште стотици луѓе исчезнале. Над 2.00 луѓе се евакуирани низ регионот, некои се спасени од покривите со хеликоптери, а многумина се привремено сместени во студентски домови, соопштија властите.

Експертите во Турција сметаат дека и интервенциите на реките и непрописното градење придонеле за масовните штетни предизвикани од поплавите во Турција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

„Паднал низ прозорец“ – почина потпретседател на руска нафтена компанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе