Култура

Овогодинешниот „Македокс“ со фокус на дистрибуција и продукцијата на документарци во време на пандемија

Фокус кон дистрибуцијата на документарни филмови, во време на пандемија ќе има 12 издание на фестивалот на документарни филмови „ Македонкс“, кој ќе се одржи од 19 до 26 август, во присуство на 30 гости од странство. Во 5 натпреварувачки и во програмите „Земја во фокусот“ и детската , ќе бидат прикажани седумдесетина филмови. Фестивалот ќе го отворат германскиот филм „ Луѓе од гаражи“ и канадскиот „ Џукели“. А, на четирите локации каде ќе се одржува „ Македокс“, согласно здравствените протоколи, ќе присуствуваат најмногу 150 гледачи, на кои ќе им се бараат потврди за вакцинација.

  • Фокусот оваа година на фестивалот ќе биде насочен кон дистрибуцијата на документарните филмови, со посебен акцент на промоцијата на филмовите низ Европа. Со самото тоа , мотото на фестивалот гласи „ каде одиме“, односно „ што сега“. Некако во овие две години сите имаме желба да патуваме или да се поместиме од место, а всушност сме вкоренети на едно исто место – Дарко Набаков- Извршен директор на „ Македокс“.
  • Ќе го прикажеме и македонскиот краток филм на Тања Балаќ, снимател е Кирил Шентевски , кој се вика „ Цвеќиња на водата“, филм кој зборува за поплавите кои се случија пред неколку години во селото Стајковци. И „ Сава“, на режисерот Метју Самерфил, кој што е копродукција меѓу Велика Британија и Македонија, а монтажер е нашиот Горјан Атанасов – Петрула Велјановска- програмски тим на „ Македокс“.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Бруталистичка улица“ меѓу десет најдобри проекти на Венециското биенале за архитектура според „Артрибјун“

Дејан Дејан

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе