Свет

Талибанците го освоија и деветиот провинциски главен град во последните пет дена

Талибанците го зазедоа административниот центар на провинцијата Бадакшан, градот Фаизабад, во северниот дел на Авганистан, што е деветти главен град на провинција која падна во рацете на бунтовниците за помалку од една недела.

Доцна синоќа безбедносните сили, кои неколку дена се бореа против талибанците, беа под силен притисок. Талибанците го зазедоа градот. Двете страни претрпеа големи загуби, изјави пратеникот Забихула Атик, пренесоа француските медиуми.

Авганистанската агенција Пајхвок, повикувајќи се на високи владини претставници,денеска пренесе дека тТалибанците ги контролираат центрите на седум од деветте северни провинции во земјата.Во провинцијата Бадакшан, 25 од 27 окрузи се под контрола на талибанците, наведе агенцијата.

Владините сили се повлекоа од Фаизабад по неколкудневни жестоки борби, откако не им беше обезбедена потребната воздушна поддршка и не беше испратено засилување.

Истовремено, според најновите извештаи на Хама прес, владината армија ги истерала талибанците од провинциите што ги зазеде – Бадакшан и Баглан. Агенцијата, исто така, соопшти дека авганистанскиот претседател Ашраф Гани и поранешниот потпретседател Маршал Абдул-Рашид Достум пристигнале во Мазар-е-Шариф за да ја организираат борбата против талибанците. Планирано е таму да се одржи состанок за да се воспостави координација помеѓу армијата и силите на народната милиција во борбата против талибанските борци за ослободување на градовите што претходно беа заземени од нив.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

„Паднал низ прозорец“ – почина потпретседател на руска нафтена компанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе