Вести Македонија

Достапна апликацијата за CommonPass сертификат за патување во странство

Сите вакцинирани во земјава против ковид-19 од денеска ќе можат тоа да го потврдат и со кју-ар код на својот мобилен телефон.

Преку апликацијата CommonPass овоможено е податоците за вакцинацијита освен на хартија да бидат достапни и на паметните телефони.  CommonPass е унифицран дигитален сертификат со кој се потврдува вакциналниот статус на секој граѓанин. Со овој сертификат во моментот може да се патува најчесто во САД и Канада каде се користи најмногу. Покрај патувањето и доказ за вакцинација со овој Комон пас граѓаните во овие земји можат непречено да се движат и функционираат во услови кога има одредени рестрикции и забрани за невакцинираните.

Министерството за здравствно информира дека веќе од следната недела ќе биде достапен и Зелениот пасош за патување во ЕУ, но укажува и дека независно од сите сертификати кои ќе бидат обезбедени за македонските граѓаните, секоја земја согласно епидемиолошката состојба има право да воведе дополнителни рестрикции за влез или движење во истата.

За преземање на сертификат потребно е:

1) Да се најавите на вебстраницата vakcinacija.mk

2) Во својот личен профил можете да го најдете нациналниот сертификат издаден од МЗ со QR код за примена вакцина.

3) Системот ви дава опција за внесување на број на валидна патна исправа.

4) Откако ќе го внесете бројот на пасошот се креира автоматски CommonPass

5) За да креаираат дигитален CommonPass, достапен секогаш на вашиот паметен телефон, треба да ја преземете мобилната апликација „CommonPass„ oд Google Play Store/App Store

6) По симнување на апликацијата истата ќе ви побара да го внесете следниот активациски код: CPNMKD

7) Потоа апликацијата ќе побара да го скенирате QR кодот од CommonPass сертификатот кој веќе го имате симнато на компјутер. Доколку имате потешкотiја да го скенирате кодот од eкран, испечатете го CommonPass сертификатот и скренирајте директно од хартија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор за полициски службеник кај кого биле пронајдени илјадници евра и злато – тој призна дека сторил проневера во служба

Дејан Дејан

Раст на приходите од патарини во првото полугодие

Дејан Дејан

Обвинение за директорот на Геријатрија- се товари дека побарал мито 20.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе