Пожар гори во Општина Ранковце, во атарот на селото Отошница, каде се зафатени повеќе хектари нискостеблеста шума и вегетација. Пожарот го зафатил и електричниот далновод а штети има и на неколку објекти во селото Отошница.
Градоначалникот Ивица Тошевски предупреди дека ситуацијата е многу сериозна затоа што кон селото Отошница се приближува и голем пожар кој гори во општината Старо Нагоричане.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.