Економија

ВЕРО СЕ СТЕКНА СО ПРЕСТИЖНИОТ СЕРТИФИКАТ „ФЕР СО ПОТРОШУВАЧОТ“

Веро се стекна со ново признание за почитување на потрошувачките права, го доби престижниот сертифкат „Фер со потрошувачот“. Веро е препознаена како компанија која се грижи за правата на потрошувачите, за нивното здравје и безбедност преку фер однос и практика, поддршка при решавањето поплаки, заштита на личните податоци и приватноста, како и активности кои се применуваат за целосно потрошувачко задоволство.

 

Овој сертификат за Веро е потврда за работењето според највисоките стандарди кои се применуваат во развиените и модерни економии, начин на работа кој треба да биде пример што треба да го следат и другите компании.

Сертификатот „Фер со потрошувачот“ го доделува одбор за сертификација, овластено и мошне ценето сертификациско тело составено од три реномирани институции во земјава кои работат на заштита на потрошувачите и унапредување на конкурентноста на македонската економија – Организација на потрошувачите на Македонија (ОПМ), Независната асоцијација за развојни иницијативи „Зенит“ и Здружението на бизниси и консултанти „Креација“.

– Приоритет на корпоративната политика на Веро секогаш, пред се е задоволството и безбедноста на потрошувачите. „Потрошувачот е нашиот шеф“ е мотото на Веро од самиот почеток на постоењето и работењето во земјава и во регионот. Навистина ни е многу драго кога потрошувачите ги препознаваат нашите напори кои ги вложуваме со цел задоволување на нивните високи барања и очекувања. Кога нашите заложби ќе бидат препознаени и од надлежните институции кои се најмеродавни за нивна оцена и кои имаат долгогодишно искуство во заштита на потрошувачите права, тогаш тоа ни дава уште поголем мотив да продолжиме понатака со исто темпо. Веро секогаш е тука за своите потрошувачи, секогаш спремен да ги сослуша, да им помогне и да им излезе во пресрет и да ги исполни нивните потреби и очекувања. Нивната насмевка е тоа што нас не прави среќни – изјави Петар Денковски генералниот директор.

Веро како општествено одговорна компанија и понатаму ќе продолжи да работи за заштита на потрошувачките права и да одржува и применува фер и коректен однос со своите ценети потрошувачи и со тоа да придонесува за доброто на сите граѓани во нашата заедница.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Да се забрза транспортoт на храна кон Косово

Дејан Дејан

ЕСМ на тронот по загуби, МЕПСО зголемува плати и вработува

Дејан Дејан

Дурмиши: Ако има поскапување поголемо од 15 проценти, ќе активираме поригорозни мерки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе