Крајот на јули го означува врвот на посетеност во Дојран. Врвица од луѓе на дојранските плажи, шеталиштето, полни ресторани и кафулиња. Туристичката сезона е во полн ек. Освен гости од државата, бројни се и тие од соседна Србија. Од локалната самоуправа велат дека очекуваат многу повеќе посетители од странство.
Туристите велат дека гостопримството и климата се приоритет зошто доаѓаат во Дојран. А дојранските специјалитети ги сметаат за незаменливи.
Минатата сезона и покрај пандемиските услови и протоколи, Дојран оствари околу сто илјади ноќевања. Очекувањата се годинава оваа бројка да биде и малку поголема, поради отворените граници.
Сузана Мицева