Вести Економија

Ребаланс: За власта за стабилизација на економијата, за опозицијата за дополнително осиромашување на граѓаните

За власта ребаланс за стабилизација и економска преродба, за опозицијата за расипничко трошење на власта и осиромашување на граѓаните. Пратениците ги судрија ставовите на првиот ден на расправата за ребалансот на буџетот за годинава.

Опозицијата обвини дека тој е неразвоен,нереален, без концепт и визија и дополнително ќе ја втурне државата во уште поголема сиромаштија. Нереални за нив се  проекциите за приходите и растот на економијата. Ја обвинија власта за предизборен поткуп, а на терет и ставија и тоа што за 4 години го зголемила јавниот долг за 2,4 милијарди евра.

 Имавте 25 милиони евра за енергетска ефикасност, имавте 21,5 милиони за основно обрзование, 70 милиони за брз автобуски превоз, 50 милиони евра за земјоделие, 700 милиони обврзница да ве потсетам само, 80 милиони од европски комисии, па 500 милиони баравте за клинички центар. Сите овие задолжувања ќе ги враќаат идните генерации, а вие не ги  користите, вие ги злоупотребувате за обезбедување на вашите фотелји. Лицемерно нели…

 За министерот за финансии Бесими ребалансот е за економско заздравување раст и развој. Се обезбедуваат повеќе пари за капитални проекти, за здравството, но и за стопанството и граѓаните.

Со овој ребаланс се менува структурата на буџетот што се однесува во делот на расходите, се зголемуваат трансферите и капиталните инвестиции. Што се однесува на трансферите се мисли за мерките за поддршка на економијата, за поддршка на ранливите групи и социјални категории“, рече Бесими.

Од 222 поднесени амандмани, власта прифати 8. Со ребалансот државата планира да потроши  4 милијарди 370 милиони евра, или 345 милиони повеќе од првичниот план.Буџетскиот дефицит ќе достигне 750 милиони евра или 6,5 проценти од БДП. И покрај минусот од 1,9 проценти во првиот квартал, владата е оптимист дека годината ќе заврши со раст на БДП од 4,1 процент.

Александра Филиповска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе