Вести Економија

Земјоделците стравуваат дека земјоделското земјиште ќе стане градежно – властите смируваат и ја бранат реформата

Земјоделците стравуваат за обработливото земјиште – властите смируваат дека реформата е доброосмислена и за неколку години ќе и донесе на државата најмалку една милијарда евра.

Од Министерството за земјоделство велат дека со носење на Законот за продажба на државно земјоделско земјиште ќе се овозможи порационална употреба на обработливите површини – но, од иницијативата „Граѓански фронт“ контра министерот – тврдат дека сè уште се остава простор земјиштето на крај да заврши во рацете на големите инвеститори кои ќе го искористат истото како градежно.

Барем во следните десет години земјиштето законски не може никој да го пренамени, а која е таа институција што би дозволила пренамена на земјоделско земјиште од сто хектари и по десеттата година – вака министерот Хоџа го бранеше Законот пред земјоделците.

„Како во моментов ја спречуваме пренамената на земјоделското земјиште? Ви гарантирам дека со Предлог-законот, барем во следните десет години тоа земјоделско земјиште нема да се пренамени. А, според постоечкиот Закон, општините можат уште утре да побараат да се пренамени земјоделското земјиште и ние немаме никаква моќ како министерство тоа да го спречиме.“

Земјоделците не се убедени целосно во тоа што го зборува министерот и прашуваат – зошто да не се најде подобар начин да се приватизира земјиштето и така да имаат корист сите, а не да се остави простор некогаш некои од големите и моќни фирми и инвеститори да дојдат до земја со значајни ресурси и сепак имаат забелешки за текстот на Законот.

„Да, тоа сè уште е во текстот на Законот дека ќе може земјоделското земјиште да се пренамени во градежно земјиште и дека ќе може да се експлоатираат минералите што се под површината на земјата. Така што, тоа не е во ред. Да го приватизираме земјоделското земјиште на начин што сите граѓани на Македонија ќе добијат. Можеме да одиме со ваучери, како што беше приватизацијата во Словенија или во Чешка или во Словачка, меѓутоа, таа земја е на сите нас. Наша е оваа земја! И треба сите ние да добиеме нешто од таа земја.“

Претходно на јавната расправа, образложувајќи го нацрт–текстот, министерот Хоџа нагласи дека со него се предвидени и ограничувања и механизми кои треба да ја спречат приватизацијата на земјиштето поради лукративни цели.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе