Култура

Биљана Тануровска- Ќулавковски и Ивана Васева добитнички на наградата „ Ладислав Баришиќ“

Здружението на ликовни критичари „АИКА Македонија“ , ја додели наградата „Ладислав Баришиќ“, за 2021 година од областа на ликовната критика. Комисијата во состав Мира Гаќина, Владимир Јанчевски и Маја Чанкуловска Михајловска одлучи наградата „Ладислав Баришиќ“, за 2021 година да се додели на проектот „Политички перформанс како проширено поле во Македонија во 90-тите години“ , на Биљана Тануровска – Ќулавковски и Ивана Васева, заради релевантноста на темата во денешниот културен но и општествено – политички контекст.

Перформансот, според авторките, како еден од оние видови на уметност од проширена и гранична природа. што се шири и надвор од уметничкото и естетското, создава различни мапи и остава траги кои се под влијание на социо-политичките, економските и културните околности во одреден период, време, и простор, и со тоа создава бројни мрежи на значења.

Истражувањето насловено „Политички перформанс како проширено поле во Македонија во 90-тите години“, ќе го истражува перформансот како естетски, но и проширен термин, како оној што се шири низ дискурсите, започнувајќи од човековото однесување за да вклучи цела низа феномени поврзани со ефикасноста, каде што продуктивноста не се однесува на поединци и групи, но на системи, технологии и социјални апарати.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Македонската филхармонија вечерва во Солун со „Кармина Бурана“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе