Се зголемува бројот на непријавени работници во споредба со минатата година. За цела 202о година 15 решенија се однесуваат за 33 непријавени работници, во 2021 години само за периодот јануари – јуни 42 решенија за непријавени 148 работници. Градежништвото и угостителството, сезонските работници се најранливите дејности, каде се востановени нерегуларности, покажале координираните акции на Државниот инспекторат за труд и УЈП.
Бројот 15 од 42 решенија е токму затоа што во текот на јуни месец заедно со УЈП направивме неколку акции во делот на дејноста угостителство, во повеќе градови во државата и заеднички акции на инспекторите за работни односи и инспекторите за безбедност и здравје при работа во делот на градежништво и голем дел од непријавените работници се во секторот угостителство – Јована Тренчевска, директорка на Државен инспекторат за труд.
Според Државниот завод за статистика неформалното вработување учествува со 13,55% од вкупното вработување во земјата.
Апелираме до работниците да ја користат новата бесплатна мобилна апликација ССМ – мои работнички права која ја изработивме заедно со Меѓународната организација на трудот, а преку која работниците можат да пријават прекршено работничко право за себе и за друго лице, да пријават анонимно, да комуницираат директно со ССМ и да следат најнови вести и совети од ССМ- Дарко Димовски, претседател на ССМ.
Формализацијата на неформалната економија и сузбивањето на даночните затајувања ќе доведат до зголемување на даночните приходи, а со тоа и можност на државата и институциите да пружаат поквалитетни услуги и поголема социјална сигурност на граѓаните. Во рамките на кампањата „За да имаш подобар персонал – грижи се подобро за персоналот “ беа промовирани ваучери кои се издаваат на дневна основа и нивната вредност се утврдува врз база на висината на Персоналниот данок на доход и придонесите на плата за еден работен ден пресметани според Минималната (просечната) плата во Република Македонија.
Нина Стефанова