Куртовската капија но и другите втори култури ќе престанат да се садат ако не се нудат однапред договори за нивен откуп.
Ова е ставот на земјоделците од струмичко кои велат дека тоа е клучот за унапредување на земјоделското производство.
Досегашното искуство на земјоделците здружени во задругата Вегефреш од струмичко Куклиш е позитивно. Сметаат дека треба да се работи на унапредување на договорите со преработувачката индустрија.
Земјоделците немаат услови за самоорганизирање при пласман но и долго чување на производството, затоа договорните количини се клучни за успешна сезона, смета Ѓорги Хаџи-Котаров.
Од асоцијацијата на преработувачи велат дека догoворните односи се унапредуваат, но се уште не се на потребното ниво.
Преработувачките и претставници на земјоделските задруги денеска разговараа за предизвиците на договорното производство со цел да се надминат најголемите пречки во меѓусебната соработка.
Сузана Мицева