Економија

Се зголемува бројот на непријавени работници

Се зголемува бројот на непријавени работници во споредба со минатата година. За цела 202о година 15 решенија се однесуваат за 33 непријавени работници, во 2021 години само за периодот јануари –  јуни 42 решенија за непријавени 148 работници. Градежништвото и угостителството, сезонските работници се најранливите дејности,  каде се востановени нерегуларности, покажале координираните акции на Државниот инспекторат за труд и УЈП.

Бројот 15 од 42 решенија е токму затоа што во текот на јуни месец заедно со УЈП направивме неколку акции во делот на дејноста угостителство, во повеќе градови во државата и заеднички акции на инспекторите за работни односи и инспекторите за безбедност и здравје при работа во делот на градежништво и голем дел од непријавените работници се во секторот угостителство – Јована Тренчевска, директорка на Државен инспекторат за труд.  

Според Државниот завод за статистика неформалното вработување учествува со 13,55% од вкупното вработување во земјата.

Апелираме до работниците да ја користат новата  бесплатна мобилна апликација ССМ – мои работнички права која ја изработивме заедно со Меѓународната организација на трудот, а преку која работниците можат да пријават прекршено работничко право за себе и за друго лице, да пријават анонимно, да комуницираат директно со ССМ и да следат најнови вести и совети од ССМ- Дарко Димовски, претседател на ССМ.

Формализацијата на неформалната економија и сузбивањето на даночните затајувања ќе доведат до зголемување на даночните приходи, а со тоа и можност на државата и институциите да пружаат поквалитетни услуги и поголема социјална сигурност на граѓаните.  Во рамките на кампањата За да имаш подобар персонал – грижи се подобро за персоналот беа промовирани  ваучери кои  се издаваат на дневна основа и нивната вредност се утврдува врз база на висината на Персоналниот данок на доход и придонесите на плата за еден работен ден пресметани според Минималната (просечната) плата во Република Македонија.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ако трговците се служат со трикови, Владата ќе се служи со мерки

Дејан Дејан

Мицкоски најави дека до крајот на неделата ќе има јасна позиција кој ќе добие поддршка за нов гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Ангеловска-Бежоска: Макроекономската стабилност е зајакната, но потребни се структурни реформи за одржлив раст

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе