Култура

Претседателот Пендаровски: Убавината е извор на надежта за подобар свет

Убавината е извор на надежта за подобар свет, рече во синоќешниот говор претседателот Стево Пендаровски , кој како покровител на фестивалот „ Охридско лето“, го отвори неговоро 61 издание. Обраќајќи се пред присутните во Античкиот театар, Пендаровски праша, дали убавината може да не заштити од заканата на корона вирусот која сеуште трае.

  • Може ли убавината да ги врати загубените животи, прекинатите соништа, пропуштените перспективи? Како ќе ги надомести економските штети, како ќе ги реши еколошките проблеми, како ќе ги исправи длабоките социјални неправди? Ако пред овие предизвици потклекнаа и најмоќните на планетата, како воопшто убавината може да го спаси светот? Меѓутоа, драги пријатели, парадоксот на убавината која е олицетворена во уметноста и културата, е што таа е непресушен извор на надежта за подобар свет, дури и кога ги прикажува најголемите страдања, насилството кон немоќните или грдите лица на луѓето, рече Пендаровски.

Во обраќањето пред аудиториумот, министерката за култура Ирена Стефоска, апелира на заштита на Охридскиот регион, кој, како што рече, не треба да го чуваме заради УНЕСКО, туку пред се заради аманетот од претците.

  • Ниту Охрид без Охридско лето‘, ниту Охридско лето без Охрид. Магијата е заемна како што е магичен и целиот регион. Регионот е волшепство од природата и наследство на историјата. Тапијата е во наши раце само на чување и затоа мора да ја зачуваме – не поради УНЕСКО, туку поради оставениот аманет, кој е и наша обврска и наша чест, рече Стефоска.

А, уметничката порака на отворањето на фестивалот, годинава имаше чест да ја испрати балерината, кореограф и директорка на Националниот балет, Олга Панго. Таа рече дека го чекале мигот за настап пред публиката , поради месеците кога беа затворени како установа поради пандемијата. Панго потенцира дека настапот на Националниот балет на отворањето на „ Охридско лето“, е доказ за потребата од соработка меѓу институциите од културата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Македонската филхармонија вечерва во Солун со „Кармина Бурана“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе