Вести Култура

61 Охридско лето се отвора со колаж од класични дела на музика од Чајковски

По неизвесната ноќ, поради невремето што го зафати Охрид и одложената генерална проба која траеше по полноќ, сè е подготвено за вечерашното отворање на 61 издание на фестивалот Охридско лето. Отворањето на Античкиот театар ќе биде со колаж од класични балетски дела, во изведба на нашиот Национален балет , на музика од големиот руски композитор Петар Илич Чајковски.

Неговата позната трилогија е „ Лебедово езеро“, „ Оревокршачка“ и „ Заспаната убавица“. Тоа е класичен вокабулар и репертоар кој што ние го играме на нашата сцена во НОБ. И се издвоени најубавите парчиња од таа трилогија. Потоа од балетот „ Ана Каренина“, каде што е користена музика на Чајковски и полонезата од операта „ Евгение Онегин“, која што исто така ја игра Балетот. Тоа е еден колаж од музиката на Чајковски. Она што можеме како најдобро и најинтересно да и го понудиме на публиката, вели Олга Панго- директорка на Националниот балет

Настапот ќе биде придружуван од симфонискиот оркестар на НОБ, под диригентство на Бисера Чадловска. Како солисти ќе настапат балетските првенци: Марија Кичевска, Мирјана Поп Алексова, Бобан Ковачевски и Васили Чичијашвили. Во историјата на Охридско лето, ова е втор пат  исклучиво балетска игра да биде на отворањето на фестивалот.

Фокусот само на Балетот бил кога се играла „ Охридска легенда“, на Димитрија Парлиќ во 80-тите години од минатиот век. Тогаш Балетот го отворил Охридско лето, во таков состав и во такво издание.

Фестивалот и годинава ќе се одржува со примена на мерки за заштита од корона вирусот, но, за разлика од лани го задржува традиционалниот термин- до 20 август. Ќе настапат 500 уметници од 18 земји. Програмата со класична музика што ја направи селекторката Даница Стојанова, вклучува 34 концерти , со фокус на реномираните домашни уметници во странство. Ќе бидат изведени 4 претстави од нашите театари и две гостувања од регионот, по избор на селекторот Александар Поповски. Во чест на 100 годишнината од раѓањето на Блаже Конески, српскиот актер Иван Босиљчиќ ќе говори негова поезија. Програмата ќе се одржи на отворени сцени и во ЦК „ Григор Прличев“.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Повредата е толку осетлива што од минута во минута создава нови проблеми“ вели мајката на повредениот син во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

(Видео)Нов протест за Фросина – нејзиното семејство незадоволно од пресудата

Дејан Дејан

Oбвинителството предлага Крешник Бектеши да оди во куќен притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе