Вести Економија

Земјоделието не ни оди добро, предупредија земјоделците на денешниот протест

Земјоделци од сите региони на Македонија денеска дојдоа во Прилеп на сезeмејоделскиот предупредувачки протест. Сточaрите, тутнарите,  оризпроизводителите,  лозарите се пожалија дека се соочуваат со голем број проблеми и побараа исплата на заостанатите субвенции, како и средсвата од КОВИД пакетите, повлекување на законите за зелена такса и продажба на земјоелдското земјиште. Од протсетост сите барања ќе ги испратат до надлежните

Ние денес се одлучивме да го подигнеме гласот и да ги предупредиме надлежните дека земјоделието не ни оди на добро. Да земат во обзир дека оваа категорија граѓани ја храни нaцијата и придонесува во Буџетот на државата, рече Игор Мирчевски, координатор на тутнските здруженија

Кочанските оризопроизводители се пожалија дека ланскиот род не им е откупен, а откупните цени велат се ниски

Истот како и како кај останатите земјоделци и кај нас оризарите ситуацијата е катастрофална. Откуп немаме, цената нагло падна, а за два месеца имаме нова жетва и ситуацијата е алармантна.

Лозарите побараа заштитна откупна цена која нема д аможе да оди под 18 денари за килограм грозје.

-Ние  бараме државата и лозарите да оформат заштитна најниска откупна цена, од која винариите не смеат да одат подолу. Да се прозиведе 1 кг грозје чини 13,2 денари, а грозјето се купува од 2 до 10 денари, рече  Тане Јошев, регионални здружение Тиквешки лоазр

Земјоделците се пожалија дека одзивот на протестот е слаб поради притисоците што ги имале претходните денови. Побараа исполнување на нивните барања во најкус можен рок, во спротивно најавија радикални и масовни протести.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотресот со јачина од 6,1 степен ги погоди грчките острови Родос и Касос, а беше почувствуван и на Крит- предупредување за можно цунами

Дејан Дејан

Почина најсиромашниот претседател на светот Хозе Мухика

Дејан Дејан

Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дестабилизација – Временска прогноза за 15.5.2025

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе