Вести Економија

Текстилните работнички од „Алкон текс“ бараат да почнат со работа, но никој не ги прима

Текстилната работничка Силвана Димитрова мора да се разведе, за да нејзиниот сопруг се оперира. Во ваква ситуација нејзиното семејство е откако таа пред три месеци е испратена на принуден одмор од штипската конфекција „Алкон текс“.

Силвана заедно со нејзините колешки веќе втори ден е пред фабриката, бараат да почнат со работа, но никој не ги прима,  им рекле дека фирмата во којашто работеле сега е на друга адреса. Утринава инспектори на Трудовиот инспекторат ги евидентираа работничките пред објектот. Работничките стравуваат да не добијат и тие откази поради кршење на ред и дисциплина, со што би останале без отпремнини, но и без можност да се пријават во заводот за вработување.

Конфекцијата „Алкон- текс“ е актуелна од пред месец и половина кога педесетина работнички протестираа затоа што не  ги повикаа на работа бидејќи не потпишале документ дека се префрлаат во друга фирма зад која неофицијално стојат истите сопственици. Од невладината Гласен текстилец  велат дека последните месеци некои од компаниите почнале да го префрлаат капиталот од една во друга фирма, на штета на работниците.

Гласен Текстилец по вторпат ги повикува обвинителството, УЈП и Финансиска полиција да излезат на терен. Телма се обиде да стапи во контакт со упарителот на Алкон текс, но не ја крена слушалката.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мајката Невена Спасеска повикана во обвинителство, осомничена е за одземање на дете

Дејан Дејан

Битолскиот суд „одмрзна“ три милиона евра на компанијата „Руд Коп“ – на барање на Обвинителството повторно ги блокира

Дејан Дејан

Ако трговците се служат со трикови, Владата ќе се служи со мерки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе