Струмичкиот музеј го издаде првиот дел од Монографијата Цареви кули „Од праисторијата до Римското Царство“. Автор на делото е долгогодишниот истражувач на овој локалитет, археологот Зоран Рујак кој Цареви кули ги нарекува читанка на чии страници е испишана и досега непознатата историја на Струмица, дури до 5 милениум пред нашата ера. Според Рујак, проектот ги надрснал почетните намери, да се откријат бедемите на кулите и станал исклучително важен сведок за историјата на градот.
Директорот на Управата за заштита на културното наследство, Ацо Костов, вели дека по десетгодишни истражувања се добило оформена идеја што претставуваат Царевите кули. Што поседуваат како артефакти, движен и недвижен материјал.
Вториот дел од монографијата за Цареви кули треба да излезе до крајот на оваа година.
Сузана Мицева