Култура

Издаден првиот дел од Монографијата Цареви кули „Од праисторијата до Римското Царство“

Струмичкиот музеј го издаде првиот дел од Монографијата Цареви кули „Од праисторијата до Римското Царство“. Автор на делото е долгогодишниот истражувач на овој локалитет, археологот Зоран Рујак кој Цареви кули ги нарекува читанка на чии страници е испишана и досега непознатата историја на Струмица, дури до 5 милениум пред нашата ера. Според Рујак, проектот ги надрснал почетните намери, да се откријат бедемите на кулите и станал исклучително важен сведок за историјата на градот.

Директорот на  Управата за заштита на културното наследство, Ацо Костов, вели дека по десетгодишни истражувања се добило оформена идеја што претставуваат Царевите кули. Што поседуваат како артефакти, движен и недвижен материјал.

Вториот дел од монографијата за Цареви кули треба да излезе до крајот на оваа година.

Сузана Мицева

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Бруталистичка улица“ меѓу десет најдобри проекти на Венециското биенале за архитектура според „Артрибјун“

Дејан Дејан

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе