Економија

Во тек е жетвата на јачменот во штипскиот и овчеполски регион

Почна жетвата на јачменот, земјоделците од штипскиот регион велат дека годинава за половина им е намален родот, спредбено со лани. Откупната цена на стартот им е 10 денари за килограм, за разлика од лани повисока за еден до два денари.

Според ресорното министерство жетвата се одвива без проблеми, и нивните анализи покажуваат дека годинава приносите на јачменот, сточната храна се пониски. Препорака е земјоделците кои имаат услови за складирање на родот, тоа да го сторат, бидејќи во екот на жетвата нормално е цената да е пониска.

Цената на житните култури кај нас зависи од тоа колку ќе се произведе во соседна Србија, која е осми извозник на житарици во светот. Количините на јачмен ќе ги задоволи домашните сточари, поради големото намалување на сточниот фонд. Земјоделците со години алармираат дека се намалуваат површините со јачмен и пченица. Според податоците на статистика во 2020 година се засеале 1.000 хекатри помалку житни култури.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владата и синдикатите со спротивставени ставови околу потрошувачка кошничка

Дејан Дејан

Пет отсто од БДП за одбрана е голем предизвик

Дејан Дејан

„Манивал“: Македонија постигна напредок во борбата против перење пари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе