Македонија

Спасовски: Нема застој во издавањето патни документи

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешната посета во Берово информираше дека поради миграција на системот, вечерва во 21 часот ќе следи мал застој во системот за издавање патни документи и лични исправи. На новинарско прашање зошто има проблеми при издавањето лични документи одговори дека лични документи се издаваат и сега, но поради ковид-пандемијата била зголемена побарувачката за нив, заради што се стекнал впечаток дека има застој во издавањето лични документи.

Лични документи се издаваат и сега. Едноставно имаше поголема побарувачка поради позната ситуација со ковид-пандемијата, при што многу од луѓето не виделе дека им истекуваат личните документи. Имаме најава дека од денеска од 21 часот ќе имаме миграција на податоци во новиот систем, тоа е процедура која мораме да ја завршиме бидејќи на тоа не обврзуваат и законите и уставот. Веќе од понеделник повторно почнуваме со нормално функционирање, рече Спасовски

Тој дополни дека поради најавената миграција, можен е застој за време на викендот и затоа апелираше на стрпливост кај граѓаните.

Јас само апелирам на трпение кај граѓаните, ние затоа и го променивме законот, од  јули сите оние на кои им истекле патните документи и исправи, тогаш ќе продолжат да важат до крајот на годината и едноставно како што е редот за секој од нас, термините како што ги добиваме, така да може да ги извадиме и документите. Значи повторувам нема застој, а застојот вечерва ќе биде заради миграција на податоци во новиот систем, дополни Министерот за внатрешни работи Спасовски.

Спасовски во Берово присуствуваше на откривање на спомен обележје на четворицата бранители кои загинаа во воениот конфликт во 2001 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Нашиот животен сон стана реалност – Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска, младоженци на годинашната Галичка свадба

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе