Македонија Најважни

Рама: ЕУ потфрли уште еднаш да донесе вистинска одлука

ЕУ потфрли уште еднаш да донесе вистинска одлука, изјави премиерот на Албанија Еди Рама на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев по учеството на Првиот Економски форум Скопје.

-Што и да се случи, што и да се одлучи во Брисел ние ќе останеме посветени да ја зајакнеме економијата, да ја подобриме благосостојбата на нашите народи и да го сочуваме нашето достоинство.  ЕУ може да поставува задачи, може да поставува рокови, датуми, но не може да ја смени локацијата на Албанија и С Македонија кои се наоѓаат во средината на Европа, ниту иднината на нашите народи како европски народи во европското семејство, вели Рама коментирајќи ја новата блокада од Бугарија за старт на преговорите со ЕУ на двете земји.

-Албанија ја има завршено својата задача уште од времето на Ѓерг Кастриот и на своите преродбеници. За нас Сонцето изгрева таму каде што заоѓа и никој не може да ни ја промени местоположбата.  ЕУ потфрли уште еднаш да донесе вистинска одлука, рече Рама.

Напредокот ќе продолжи со сите сили затоа што тој не ни се наметнува од надвор, туку од нас самите внатре.  – Прогресот ќе продолжи бидејќи ние сме посветени на тоа и нема да зависи само од односот на ЕУ кон нас, нагласи Рама.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Нашиот животен сон стана реалност – Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска, младоженци на годинашната Галичка свадба

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе