Македонија

Пораката на Твитер на Заев ја вознемири официјална Атина

Пораката на Твитер на Премиерот Зоран Заев, за поддршка на македонската фудбалска федерација на натпреаврот во понеделникот во Холандија, ја вознемири официјална Атина. Според угледниот Ктимерини то ашто Заев напиша „ денеска од стадионот во Амстердам давам силна поддршка на македонската фудбалска репрезентација“  може да резџултира со одложување на ратоификацијатана три меморандуми за соработка.

Весникот ја цитира и портпаролката на Владата во Атина, Аристотелија Пелони која рече „бараме целосна имплементација на Договорот од Преспа и неговиот дух и го повикуваме Заев да се воздржи од реторика на поделби, особено во такво чувствително прашање како што е фудбалот. Во секој случај, добрата намера за спроведување на договорот е еден од критериумите за пристапување на земјата во Европската унија“.

Заев го следеше наптреварот во друштво на неговиот холандски колега Руте. А дел од грќките медиуми претходно реагираа и за  дресовите на македонските репрезентативци на кои е логото на Фудбалската Федерација на Македонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Нашиот животен сон стана реалност – Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска, младоженци на годинашната Галичка свадба

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе